Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Теренски активности на мобилните екипи за справување со топлотни бранови

2024-08-19

Теренски активности на мобилните екипи за справување со топлотни бранови

40 лица (волонтери и професионално ангажирани), поделени во 15 тимови составени од лекар или парамедик, со 5 возила на Црвен крст, од 12 до 16 август патролираа низ градот Скопје, на поголемите автобуски постојки, пазари и здравствени објекти.

Дистрибуирани беа 3.000 шишиња вода и извршени се 42 интервенции на граѓани кои се пожалиле на тегоби.

Активностите се поддржани од Државна Лотарија.